Press "Enter" to skip to content

Изложба на книги и текстови за Гоце Делчев во Универзитетската библиотека во Битола

По повод роденденот на Гоце Делчев, НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола постави изложба посветена на неговиот живот, делото и идејата што ја остави како аманет.

-Делчев не беше само борец за слобода, туку и визионер кој веруваше во единството и достоинството на народот. На изложбата претставени се фотографии, извадоци од периодични списанија и податоци што ја доловуваат неговата борба и идеалите за праведно општество, напишаа вработените од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.

-Ве покануваме да ја посетите и заедно да се потсетиме на силата на неговата мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“Ова е можност да се оддаде почит и да се инспирираме од неговата визија за слобода и човечко достоинство, додаваат.

More from ВестиMore posts in Вести »