Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло, температурата до 15 степени

Денес, сабота, 7 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 15 степени.

Утре, недела, 8 февтуари, во Битола времето ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 9 степени.