Press "Enter" to skip to content

Лажен лекар измамил 76-годишна битолчанка за сума од 7.000 евра

На 06.02.2026  во 11:25 часот во СВР Битола, 76-годишна жена од  Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.

Пријавителката заедно со сопругот однеле 7.000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот,  ги чекало кај саатот во Битола.

Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.