Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземени две возила од возачи кои возеле без возачка дозвола

На 07.02.2026  во 02:10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 30 годишник од Битола. При  контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило “цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од приведеното лице, при што било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
 
На 07.02.2026 во 04:30 часот на бул.„1 Мај“  во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишник од Битола, бидејќи бил затекнат како управува патничко возило “ауди“ со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.