Членови на независниот синдикат на полицијата (НСП) денес во Битола организираше протест имирен марш што започна од пред Основното јавно обвинителство по Широк Сокак до плоштадот „Магнолија“ во Битола.
Повод за маршот се последните јавни закани и настани во Битола, каде што поединци се закануваа со насилство кон полициски службеници доколку тие ги спроведуваат законите. Апелираме законите да важат подеднакво за сите – граѓани, полиција и институции, соопшти НСП.
Мартин Ефремов, претседател на независниот синдикат рече:
-Го организираме овој протестен марш во Битола со цел да ја актуелизираме состојбата која што од пред неколку дена полека се подзаборава, а тоа се заканите кои што ни беа упатени и за напади и за убиства на полициски службеници доколку продолжиме да го спроведуваме законот. Мислиме дека овие закани треба државата апсолутно да ги сфати зошто секоја закана и напад врз полициски службеник треба единствено да се гледа како напад врз државата. Сметаме дека само ако така поминеме врз ова, тоа утре ќе се повтори и врз судии, обвинители, новинари, и дека мора да има посериозни и поригоризни казни. Извинувањето не е правда и мора да има притвор за лицата и да следи кривична постапка. Бараме државата да поработи на превенција и да се вратат казните да се вратат на 1.000 евра.
Владимир Литовски, помошник генерален секретар на НСП, додаде:
-Ова не е протест само за полицајците туку и за сите службени лица и за сите граѓани на Македонија, поради тоа што ваквите навреди и закани не смеат да се толерираат никако. Казните мора да се зголемат, да бидат построги парично и да има затворски казни за да имаме правна држава.
На протестот зборуваше и Горан Ристевски претедател на грански синдикат, независон синдикат на администрација на Македонија кој рече:
-Пред институциите и улиците низ Битола протестираме за каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции и го поставуваме прашањето, кој го штити оној кој го спровесува почитувањето на законот. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото.
Барањата упатени на маршот се итна измена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно враќање на поранешната глоба од 1.000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните казни од 50 до 150 евра.
Од НСП додаваат и дека протестите ќе продолжат се до исполнување на барањата.
Сашо Ристевски






