Денес во Битола по 10. пат по ред се одржа традиционалниот годишен настан – народна кујна за социјално загрозените семејства во Битола, “Food drive“, во организација на Лајонс клубот “Хераклеа“ од Битола и Црвен Крст Битола.
Храната се подготвуваше во мобилната кујна на Црвениот крст од Битола која беше поставена кај старата битолска касарна, а сите потребни продукти за подготвување на оброците ги обезбеди “Mint Fintech Group“.
Промовирајќи ги хуманите вредности претседателката на Црвениот Крст од Битола, д-р Лилјана Ристевска рече:
-Голема благодарност до сите кои денес се вклучени во оваа хумана акција, а заедно со нас се Лајонс клубот “Хераклеа“ од Битола и “Mint Fintech Group“. Во денешното подготвување на храната беа вклучени членовите на лајонс клубот и триесетина волонтери на Црвениот крст. Мора да на нагласам соработката со “Mint Fintech Group“ кои секогаш се со нас во оваа активност и се наши големи поддрувачи. Денес беа подготвени и поделени 400 оброци на лица од ранливите категории кои се нашата евиденција.
“Mint Fintech Group“ како лидер во финансиските решенија посветувајќи позитивно влијание на заедницата, преку донација и присуство на вработените се вклучи во овогодинешниот настан “Food drive“ за што преставникот на компанијата, Бујар Драла – менаџер за човечки ресурси рече:
-Овој настан е потврден и се придржува до сите локални упатства за здравје и безбедност, затоа се заблагодаруваме за поканата да бидеме дел од овој “Food drive“ и оваа година е јубилејна година, по 10 пат се организира. Не радува што од година во година се зголемува бројот на учесници кои ја подготвуваат храната, а имаат и желба да помогнат, да бидат хумани и во ладни како денешниот. Оваа акција сакаме да биде поголем мотив да се приклучат што поголем број на компании кои треба да бидат што поактивни, не само во оваа акција и во други активности кои продонесуваат за општествена одговорност. Нашето спонзорство на овој настан е доказ за нашата посветеност за општествена одговорност, која ја афирмирааме преку различни иницијативи, тие значително придонесуваат за подобрување на животот на многумина во нашата заедница.
Претседателка на лајонс клубот “Хераклеја“, д-р Марија Сирвини рече:
-Продолжуваат да ги негуваме вредностите на помагање на оние на кои им е најпотребно. Оваа акција е на лајонс клубот “Хераклеја“, со финансиска помош на “Mint Fintech Group“ како општествено одговорна компанија од Битола и секако Црвениот крст од Битола кои ја отстапија нивната опрема. Ова се организира по 10. пат и делиме подготвена храна на 400 социјално загрозени лица. Денес на менито имаме грав, леб, колбаси и салата.
Овој настан претставува охрабрувачки напор на заедницата за поддршка на оние на кои им е потребна помош во тешки времиња. Акцијата за храна има за цел не само да обезбеди хранливи оброци за семејствата, туку и да ја подигне свеста за постојаната борба против гладот во нашата заедница.
С.Ристевски






