Press "Enter" to skip to content

Здружението на ловци “Сокол“ од Битола ја организира традиционалната забава

Здружението на ловци “Сокол“ од Битола повторно покажа дека ловечката традиција во овој крај живее и се негува. На ловечката забава која се одржа изминатиот викенд присуствуваа околу 400 гости. Здружението успеа на едно место да ги собере ловците од Битола и од голем број други градови, создавајќи вечер исполнета со дружење, почит и заедништво.

Настанот помина во пријатна и свечена атмосфера, каде присутните имаа можност да се видат со стари пријатели, да споделат ловечки приказни и да ја одбележат долгогодишната традиција која се пренесува од генерација на генерација.На покана на здружението присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски кој ја подржаа оваа иницијатива под мотото заедно за традицијата! Со ваквите средби, “Сокол“ уште еднаш ја потврди својата улога како обединувач на ловците од регионот и чувар на ловечките вредности.

Организатор од ловечкото друштво, Никола Саздановски истакна дека целта на оваа забава е да продолжи традицијата, да се зацврстат пријателствата и да се одржи духот на заедништво меѓу ловците од Битола и околината, со надеж дека ваквите настани ќе станат уште побогати и помасовни во годините што следат.

Следната година овој настан се очекува да биде уште поголем со оглед на тоа што здружението Сокол слави 30 години постоење!