Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица за марихуана, одземено возило на лице кои возело без возачка

На 10.02.2026 во 20:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 42 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2026 во 11:20 часот на ул. „Бистра” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.С. (43) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува важечка возачка дозвола По насоки на јавен обвинител возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.