Пелистер – Работнички – 4:1 (2:1)
Фудбалерите на Пелистер денес во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ го победија Работнички со 3:1, полувреме 2:1 во натпреварот од 17. коло на ПМФЛ, а на овој напревар Лука Булатовиќ – српскиот фудбалер постогна хет-трик и многу помогна за првата пролетна победа.
Тимот на Пелистер уште отворрањето на натпреварот тргнаа офанзивно, но тоа донесе и шанси како за домаќинот и Работнички. Во шанса се најдоа Никола Манојлов за Работнички и Лука Булатовиќ за “пелистерци“ не немаше гол. Во 16. минута Булатовиќ го постигна првиот гол за Пелистер, српскиот фудбалер се најде на вистинското место во шеснаесетникот и доби проигрување од Марјан Ристовски, по што погоди за 1:0.
“Пелистерци“ во 34. минута поведоа 2:0, повторно со голот на Булатовиќ, кој погоди откако топката се одби од еден дефанзивец на гостите. До крајот на полувремето Работнички намали на 2:1 преку Бесир Демири ја реализира од пенал.
На почетокот на второто полувреме Лука Булатовиќ го постогна својот хет-трик откако доби перфектна топка на втора статива од Србијанац, па со убав волеј-удар го матира Ондоа за 3:1 во 49. минута.
Во продолжението Работнички испушти шанси за гол, но во 85. минута “пелистерци“ останаа со десетмина на теренот, бидејќи новајлијата Петровиќ доби црвен картон, по “вар“ реакцијата.
Пелистер мирно го приведе мечот кон крајот. Вилдан Керим со гол во 94. минута од средбата го постави конечниот резултат.
Пелистер по оваа победа има 19 бода и се наоѓаат на деветтото место на табелата.
Фото: Сашо Ристевски











