Денес, петок, 13 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 12 степени.
Утре, сабота, 14 февруари во Битола времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 13 степени.






