Вечерва во фоајето на Народниот театар од Битола свечено беше отворена на спорски фотографии насловена “Верувај во себе – направи шампион“ која ја организираше порталот “Битолањуз“ и Сојузот на спортови на Битола.
На изложбата се изложени дваесет фотографии од Дамијана Ристевска – “Битолањуз“, Александар Котевски – “Дрим каст“, Александар Јоначиќ – фриленсер и Дејан Кузмановски – “Гол“.
На изложбата беше присутен градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на Советот на Општина Битола – Бојан Бојковски, Управниот одбор на Сојузот на спортови, претседателот на Комисијата за спорт и млади – Мартин Ивановски, спорстисти, тренери, советници, љубители на спортот…
На отворањето на изложбата зборуваше претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски, кој рече:
-Идејата и реализацијата е по разговор со Сашо Ристевски од “Битолањуз“ кој ги пофали четворицата фоторепортери од Битола, Дамјана, Аце и Аце како и Дејан и дека заслужуваат да имаа една колективна изложба, и ете сега ја отвораме. Сакам и јас да ги пофалам и да кажам дека се доловени многу емиции кои сите ги доживуваме на натпрерите во Битола. Ние го гледаме од трибини, а фоторепортерите ни покажаа преку нивните дела од нивни агол, од теренот. Се надевам дека ќе има и догодина ваква изложба и дека ќе има повеќе фототепортери и повеќе фотографии.
Градоначалникот на Битола ја прогласи изложбата за отворена и рече:
-Ме радува што изборот на најдобри спортисти на Битола го збогатуваме за прв пат со изложба на спортски фотографии. Четворица фоторепортери го гледаме на сите натпревари кои се одржуваат во Битола, ракомет, кошарка, фудбал, а и други спортови. Одлично фотографии, со многу емоции кои се прикажани од авторите. Да се соберат 3 или 5 илјади битолчани, публика на едно место освен спортот тешко да може да собере некој освен спортот, а во Битола тоа е редовно. Верувајте сите ни завидуваат на тоа колку имаме спорт во Битола, а ваквиот начин на промоција на спортот, преку фотографии само ќе придонесе за негов развој.
Во име на авторите се обрати Александар Јоначиќ кој рече:
-Сакам во име на сите нас кои вечерва сме застапени на изложбата на спортски фотографии да се забрагодарам на присуството и да кажам дека не беше лесно да се изберат фотографиите кои ќе го прикажат нашиот труд и нашето гледање на спортските настани кои ги имаме во градот. Сите имаме илјадници фотографии, потрошивме многу време да ги направиме, време да ги избериме, според нас најдобрите, и се надеваме дека ви ги погодивме вкусот.
Изборот на најдобри поединци и екипи на Битола за 2025 година ќе се одржи во Народниот театар, вторник, 17 февруари, со почеток во 19 часот.
С. Ристевски










