КС Групација на 13 февруари 2026 година во Битола ја реализираше својата 17-та крводарителска акција, продолжувајќи ја традицијата на редовни хуманитарни активности насочени кон поддршка на здравствениот систем и заедницата.
Акцијата се одржа во соработка со Црвен крст и Службата за трансфузиологија, а на неа учествуваа 26 дарители, кои со својот несебичен гест придонесоа за спасување човечки животи и обезбедување на неопходни крвни резерви.
Во крводарителската акција на КС Групација се вклучија вработени од сите компании што функционираат во рамки на групацијата, покажувајќи дека хуманоста и солидарноста се заеднички вредности што ги обединуваат: “Евротип“, “Голд Слот“, “Голд Фелициа“, “Премиум Сејфти Солушн“, “77 Ентертејнмент“ и “77 Софт“.
Со секоја нова крводарителска акција, КС Групација ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност и грижата за заедницата.
Компанијата континуирано вложува во иницијативи што имаат директно позитивно влијание врз луѓето, поттикнувајќи култура на солидарност и взаемна поддршка.
Од КС Групација упатуваат благодарност до сите дарители и партнери кои придонесоа за успешната реализација на акцијата, со порака дека секоја донирана капка крв значи нова шанса за живот.

17-та крводарителска акција на КС Групација – хуманоста продолжува (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Нови спортски терени во “Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари
- Во рамки на УКЛО КОЛОРС меѓународен настан – колабораториум
- Земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ – Битола со интерактивен отворен ден “Агро-Фест
- КИЦ го објави јавниот повик за Битфест 2026





