Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 9 степени

Денес, среда, 18 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 9 степени.

Утре, четврток, 19 февруари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 12 степени.