Општина Битола во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ со физички пречки, односно столпчиња означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св.Кирил и Методиј“ која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина.
Со ова веќе нема да има паркирање автомобили кои го попречуваа движењето на пешаците, улицата е еднонасочна, а вертикалната и хоризонталната сигнализација ја обезбедуваат патеката за слободно движење на граѓаните.






