Од денес, 19.02.2026 година, ЈКП “Водовод“ – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. “Даме Груев“, крак 1 и 2 (населба “Мал Париз“) во Битола..
Во рамки на активностите ќе се изврши замена на старата водоводна мрежа со нова, современа мрежа од полиетилен, како и изведба на нови приклучоци за граѓаните.
Поради изведувањето на работите, ќе има повремени прекини во водоснабдувањето.
ЈКП “Водовод“ Битола посветено работи во служба на граѓаните за подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето.






