Press "Enter" to skip to content

“Модринки на душата“ промовиран на настанот “Глас против тишината“ (фотогалерија)

-Во насока на охрабрување да се проговори против насилството во Малата сала на Центар за култура Битола се одржа настанот „ГЛАС против тишината – Да зборуваме против насилството кое остава неизбришливи траги.Настанот во организација на Општинска организација на Црвен крст Битола и Советот за превенција од детско престапништво при Општина Битола испрати силна порака – дека за насилството мора да зборуваме гласно, храбро и без страв, а беше посветен на подигнување на свеста за сите форми на насилство, со посебен акцент на социјалното иипсихичкото насилство.Малата сала беше претесна да ги собере сите заинтересирани. Ученици од основните и средните училишта, придружувани од наставници, професори и стручни соработници, дојдоа да слушнат, да научат и да дадат поддршка. Нивното присуство беше доказ дека младите сакаат да бидат дел од промената.Настанот започна со обраќањето на претседателката на Општинска организација на Црвен крст Битола, д-р Лилјана Ристевска, која со гордост истакна дека филмот „Модринки на душата“ е плод на огромната посветеност, креативност и хуманост на младите волонтери.Таа нагласи дека зад секоја сцена стои искрена желба да се испрати порака против насилството и да се отвори простор за разговор за психичките последици кои честопати остануваат невидливи, но длабоко болни.Авторството и режијата на филмот ги носи младата волонтерка Лина Чашитовска, чија храброст и визија преточени во уметност допреа до сите присутни. Посебна благодарност беше упатена и до снимателот Александар Василевски за неговата хумана и професионална поддршка во реализацијата на ова значајно дело.Претседателката ја потенцираше и успешната соработка со Советот за превенција од детско престапништво при Општина Битола, изразувајќи благодарност до претседавачот м-р Жанета Ристевска за иницијативата и идејата за заедничката реализација на настанот. Овaa соработка  како што беше нагласено, продолжува со нови активности насочени кон превенција, едукација и создавање побезбедна средина за младите.Потоа се обрати и в.д. секретарот на ООЦК Битола, Кристијан Крстески, кој нагласи дека со проекцијата на краткиот филм „Модринки на душата“ се испраќа силна порака – да ја прекинеме тишината и да ги охрабриме жртвите да проговорат. „Модринки на душата“ не е само филм. Тоа е глас на младите, повик за емпатија и потсетник дека секој збор може да повреди – но и да излекува.Самата авторка, Лина Чашитовска, истакна дека „Модринки на душата“ е краток филм кој ја обработува темата на булингот – од детска возраст до тинејџерски години – прикажувајќи ја емоционалната тежина и последиците што насилството ги остава врз жртвата. Филмот разбуди силни емоции кај присутните и поттикна длабоко размислување.По проекцијата следуваше панел-дискусија на тема булингот и неговите последици, на која стручни лица од областа на психологијата и социологијата говореа за причините, формите и долгорочните ефекти од меѓуврсничкото насилство, како и за потребата од навремена реакција и заедничка одговорност на семејството, училиштето и заедницата.Со свои излагања се обратија: м-р Жанета Ристевска, лиценциран психолог и претседавач на Советот за превенција од детско престапништво при Општина Битола, Даница Таневска социолог од гимназија “Јосип Броз Тито“ – Битола, Александра Петкоска, дипломиран професор по филозофија, д-р Ангелина Станојоска редовен  професор по криминологија на Правен факултет УКЛО Битола и волонтерките на ООЦК Битола Матеа Мано и Христина Врчковска кои ги поставуваа прашањата на панелистите.По излагањата следуваше отворена дискусија, каде присутните имаа можност да поставуваат прашања и да споделат свои размислувања со панелистите.Трибината заврши со силна порака до сите присутни: Психичкото насилство остава невидливи, но длабоки траги. Време е да ја прекинеме тишината.

More from ВестиMore posts in Вести »