Press "Enter" to skip to content

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против лице кое доби притвор 30 дена

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 29 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола.

На 21.02.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Од страна на судија на предходна постапка на лицето му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.