Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: жена физички нападнала службеничка на шалтер, приведување за дрога, приведен возач без возачка,

На 23.02.2026 во 17:10 часот во СВР  Битола, Џ.М. (33)  од Битола,  вработена во Управата за водење на матични книги Битола пријави дека на работното место била физички нападната од 44 годишна жена од село Могила, општина Могила. Могилчанката е приведена во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.

На 23.02.2026 во  село Новаци, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 37 годишник од општина Новаци затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 23.02.2026 во 18:00 часот на ул. „Борис Бастеро” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 24 годишник од Битола. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека лицето управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против истиот ќе следува соодветна пријава.