-Децата испратија порака што одекнуваше посилно од аплаузот: “Книгите се срцето на секоја бајка, а библиотеката – домот каде што тие секогаш оживуваат“.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со учениците од ООУ „Коле Канински“ Битола, го одбележа Светскиот ден на раскажување бајки. Во просториите на библиотеката ликовите од најубавите бајки навистина оживеаја и зачекорија на сцената, носејќи ја магијата од книгите директно пред очите на публиката.
Пред присутните гости, наставници, родители и ученици се обрати и директорката на нашата библиотека, м-р Емилија Стефановска-Давкова, нагласувајќи колку е важно децата да другаруваат со книгите уште од најрана возраст. Таа истакна дека читањето го збогатува речникот, ја развива фантазијата и им помага на учениците полесно да учат со разбирање – вештина што ниту еден уред не може да ја замени.
Црвенкапа, Пепелашка, Снежана и џуџињата, принцот и лошата маќеа, библиотекарката, ловецот, како и еден немирен лик кој мислеше дека не мора да чита затоа што сè може да најде на паметните телефони – сите заедно завршија во библиотеката. Токму преку оваа театарска претстава, децата сфатија дека, иако телефоните се „паметни“, тие не се доволно мудри кога станува збор за вистинските приказни, знаењето и вистината.
Во потрагата по точни одговори и заборавени вредности, сите патишта ги одведоа во библиотеката – единственото место каде што бајките се чуваат живи, каде што секоја книга зборува, а секој лик има своја вистина. Таму, меѓу полиците полни со книги, ликовите повторно ја пронајдоа својата суштина и силата на пишаниот збор.
Оваа волшебна театарска приказна ја оживеаја учениците од V-1 одделение, под менторство на Марина Станковска, кои со детска искреност, креативност и многу љубов покажаа дека бајките не припаѓаат само на минатото, туку живеат и растат заедно со сите нас.

Во Универзитетската библиотека во Битола одбележан Светскиот ден на раскажување бајки
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)









