Press "Enter" to skip to content

Започна изградбата на нов паркинг во Старата касарна со површина од 1.550 м2

Во старата касарна започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, што опфаќа коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.

Денеска локацијата каде што започнаа градежните работи ја посети градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за овој проект.

Асфалтната површина ќе биде од 1.550 м2, а вредноста на проектот е 7.382.097 денари.

Овие средства Општина Битола ги обезбеди преку вториот повик на владата од Министерството за транспорт.