Кошаркарскиот клуб Конзули Битола деновиве беше гостин во Лерин (Грција) на меѓународен пријателски натпревар против екипата Aristotelis Florinas.
Натпреварот помина во одлична спортска атмосфера, со фер и коректна игра од двете страни. Ова гостување претставува значаен чекор во насока на отворање на клубот кон меѓународна соработка и регионално поврзување, соопштија од Конзули и додаваат:
-Играчите имаа можност да стекнат ново искуство и да се натпреваруваат со квалитетен противник, што е од особена важност за понатамошниот развој на тимот. Ваквите средби се важни не само од спортски аспект, туку и за продлабочување на пријателските врски меѓу двата града. Клубот изразува благодарност до домаќините од Aristotelis Florinas за гостопримството и професионалната организација.
КК Конзули е тим составен од група кошаркарски ентузијасти и се натпреварува доста успешно во третата македонска лига, со големи изгледи да избори пласман во плеј офот. После минатонеделната победа против Винеам од Виница во Битола, овај викенд им следува гостување во Гевгелија, против истоимениот кошаркарски клуб.










