Press "Enter" to skip to content

Се уште заради свлечиште обиколницата над Битола е затворена за сообраќај

АМСМ утрово во рамките на дневните информации, за ден 27.02.2026, во 06:30 соопшти дека се уште е затворена обиколницата над Битола.

-Од вчера, од 18.30 часот, обиколницата околу Битола заради свлечиште е затворена за сообраќај, сообраќајот ќе се преносочува преку градот Битола, екипите на ЈП “Македонија Пат“ работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот, соопштија од АМСМ.