Камбаната биеше, а домаќинот на манастирот “Св. Ѓорѓи“ во село Велушина, кај Битола повика: гори манастирот, луѓе помагајте, барајте пожарна, барајте го Стојанче… со овие зборови денес започна на показна вежба „Симулација на пожар на отворен простор“ која ја организира Доброволно противпожарно друштво (ДПД) “Архангел“ од Битола, заедно со Дирекција за заштита и спасување (ДЗС).
По повод 1-ви Март, Светски ден на цивилната заштита, се одржа показна вежба “Симулација на пожар на отворен простор“ кај манастирот “Св. Ѓорѓи“ во битолското село Велушина, која беше реализирана со однапред утврдени улоги и одговорности во насока на јакнење на меѓуинституционалната соработка и со доброволните друштва.
На вежбата присуствуваше директорот на Дирекцијата за спасување – Стојанче Ангелов, градоначалниците на Битола – Тони Коњановски и на Новаци – Стевче Стефановски, Петар Богоевски – претсефател на Македонски концепт, претставници на Армијата на Македонија, претсавници на Дирекцијата за спасување, членови на доброволните противпожарни друштва, граѓани…
Во показната вежба беа вклучени и членови на Општинската организација на Црвен крст Битола.
-Со вежба одбележување на 1 март – Светски ден на цивилната заштита, викендов, со вежба за цивилна заштита и спасување во Битолско, беше работно одбележан Светскиот ден на цивилна заштита 1 март, Ден што е посветен на луѓето, без разлика дали се од институциите или од доброволните друштва, коишто секогаш се во служба на безбедноста и заштитата на граѓаните при природни непогоди, несреќи, кризни состојби и други опасности, рекоа од Доброволно противпожарно друштво (ДПД) “Архангел“ од Битола, кои додадоа:
-Целта на оваа обука е унапредување на тактичките и оперативни вештини, координација и тимска подготвеност, размена на искуства и добри практики.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов, пред почетокот на показната вежба рече:
– Дирекцијата за заштита и спасување, Доброволно противпожарно друштво (ДПД) “Архангел“ од Битола и со поддршка на повеќе добороволни против пожарни друштва се организира вежба на гаснење на пожар на отворен простор, односно пожарникарите ќе демонстрираат како пожарот се гаси. Овој настан трае два дена. За секоја држава доброволните против пожарни друштва имаат огромно значење бидејќи во текот на летните месеци да дадат голем придонес во борбата со пожарите. За најголем број на држави неисплатливо е во текот на цела година да се држат голем број пожарникари кои најмногу работа имаа во текот на летото. Токму затоа овуе друштва се многу значајни и моја определба е силаен развој на доброволите друштва, со кои веќе имавме и неколку работни средби за да најдеме начин да ги решиме проблемите со кои се среќаваат.
Ангелов рече дека има активни десетина друштва, кои имаа свои возила и голем број на пожарникари, но за жал постои поделеност и тој повика на нивно обединување.
Првиот ден се реализираше презентација на улогата на ДПД во системот за заштита и спасување со разменување теортетски и практични искуства и добри искуствени практики.
Тим на bitolanews






