Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тешко повреден малолетник на моторцикл, повреда на работно место, пронајдена стара граната

На 28.02.2026 во 14:42 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.“Македонски Гемиџии“ и ул. “Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од 42 годишник од Битола и мотоцикл “лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од Битола. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На  28.02.2026  во 14:15 часот во СВР Битола е пријавено дека при изведување на градежни работи на  ул. “Климент Охридски“ во Битола, 64 годишник од  с. Делогожди, струшко, се здобил со  повреди, по што е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на медицинска помош. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а известен е и трудов инспектор.

На 28.02.2026 во 09:40 часот во СВР Битола П.С. од с. Добромири, битолско, пријави дека во дворното место пронашол стара граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што е утврдено дека се работи за  минофрлачка граната 75 мм од Првата Светска Војна.