Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 15 степени

Денес, понеделник, 2 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 15 степени.

Утре, вторник, 3 март, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 17 степени.