Press "Enter" to skip to content

“Засекогаш во срцата“: традиционален концерт во чест на Тоше Проески со оркестарот “DIVA“ и солисти во Битола

Центар за култура Битола во соработка со оркестарот “DIVA“ со гордост го најавуваат својот традиционален концерт “Засекогаш во срцата“ по седми пат посветен на Тоше Проески и на неговите безвременски песни. 

-Како што се приближува датумот, Центар за култура Битола ги најави и оние што ќе и дадат глас на оваа вечер. На сцената на “Засекогаш во срцата“ ќе застанат изведувачи кои со голема почит и одговорност ќе ги пренесат песните што сите ги знаеме наизуст и што секогаш некако нè погодуваат исто, порачуваат оркестарот “DIVA“.

Годинава, заедно ќе пеат: Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Марија Митровска, Марија Јаковлеска, Алексеј Ивановски. Секој со својот глас, но со иста цел да ја продолжиме приказната што Тоше ни ја остави.

-Уште неколку дена до вечерта кога повторно ќе се собереме, ќе запееме заедно и ќе си кажеме истото што го велиме веќе 8 години: Ти благодариме, Тоше, додаваат од оркестарот “DIVA“.

Концертот е закажан за 5 март 2026 година, со почеток во 20 часот, а билетите се во продажба на 

https://yournextevent.info/events/zasekogas-vo-srcata-2026 

и во Тобако Димпо по цена од 500 денари.