Државното музичко училиште од Битола и Македонската асоцијација за надарени и талентирани, МАНТ од Битола, денеска потпишаа Меморандум за соработка за поддршка и развој на младите надарени музички таленти од Битола и Македонија.
Меморандумот го потпишаа м-р Марија Шамоска – Буџаковски, директорка на ДМУ од една страна и д-р Драган Ристевски, претседател на МАНТ.
На работната средба во ДМУ, беше договорена и заедничка промоција на Прирачник за родители на надарени и талентирани ученици од авторот проф. д-р Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет при Универзитетот “Климент Охридски“ од Битола.
-Меморандумот претставува почеток на соработка при реализација на концерти, семинари, натпревари, промоции и други настани од јавен карактер во рамките на можностите со кои располагаат обете страни, изјави директорката м-р Марија Шамоска – Буџаковски.
На свеченото потпишување на Меморандумот присуствуваа и професорот по контрабас и кариерен советник Никола Баљаровски и професорката по пијано д-р Јана Четелева – Белевски.
-Сораборката има за цел да се поддржи и да создаде инклузицна класична музичка сцена и култура со особен интерес за вклучување на младата популација како и повозрасната публика – рече д-р Драган Ристевски, експерт за областа Надареност и талентираност.
Инаку, како подиуми за реализација на музички настани и концери, покрај салите на Државното музичко училиште и на Галеријата “Ранко Струмениковски“, на располагање се и салите на КИЦ Офицерски дом и Домот на културата од Битола.
Како сеќавање на оваа пригодна таботна средба потписниците добија по една книга поезија од Македонското научно друштво од Битола издадена неодамна, а во која со свои песни се застапени 16 познати македонски поети кои што беа инспирирани од делата на академскиот сликар Ранко Струмениковски.
С.Р.











