Press "Enter" to skip to content

Во организација на НП “Пелистер“ Битола – 100 жени на Пелистер за 8 Март

По повод Меѓународниот ден на жената – 8-ми Март, националниот парк “Пелистер“ од Битола организира посебен настан на Пелистер, посветен на женската сила, природата и заедништвото, насловен “100 жени на Пелистер“.

Настанот „100 жени на Пелистер“ има за цел да ги поврзе жените со природата, да поттикне движење и активност, како и да создаде простор за инспирација, дружење и позитивна енергија.

За сите учеснички е обезбеден бесплатен превоз од Битола, како и бесплатна храна и пијалоци.

Програма на настанот

09:00 – Поаѓање од Битола

10:00 – Пристигнување пред Хотел Молика

Пешачка тура од Хотел Молика до Инфо Центарот преку Историската патека

12:00 – Презентација во Инфо Центарот. Во рамките на настанот ќе се одржи кратко инспиративно предавање посветено на потребата жената да се движи и да се поврзе со природата. Планината е простор на тишина, сила и саморефлексија – место каде жената може да се врати кон себе и да ги пронајде одговорите што веќе ги носи во себе.

13:00 – Забава со НАЛА Бенд

Пријавување на телефон: 078 348 062

More from ВестиMore posts in Вести »