Press "Enter" to skip to content

Со три гола македонската женска репрезентација во Битола освои три бода (фотогалерија)

Македонија – Андора 3:0 (2:0)

Денес во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ женската фудбалска репрезентација на Македонија ја извојува првата победа во “Ц“ лигата од квалификациите за Светското првенство. Македонија ја победи Андора со убедливи 3:0, полувреме 2:0.Стрелци на головие беа токму оние кои се иднина на македонскиот женски фудбал – Симона Мајер (20 години), Теона Галабовска (18) и Меланија Грозданова (17).Отворањето на натпреварт беше во знак на гостинките, но без некоја шанса пред нашиот гол.  Македонија заигра многу подобро после 15. минута, а како резултат на таквата игра беа постигнати и два брзи гола. Теона Галабовска, која го отвори резултатот во 17. минута, а потоа стрелаше и Симоне Мејер, на тој начин удвојувајќи ја предноста само три минути подоцна, односно во 20. минута. До крајот на првиот дел видовме уште две шанси за нашите девојки, но резултатот остана 2:0. Како и првото, така започна и второто полувреме. Андора повторно тргна да постигне гол, но без успех. Македонија се закани преку шансите на Максути и Галабоска. Само што влезе во игра шанса имаше и Меланија Грозданова, но биеше само во надворешниот дел од мрежата. Македонија ја одржуваше предноста, а за крај на надежите на гостинките се погрижи резервистот Грозданова, која ги постави конечните 3:0, постигнувајќи прекрасен погодок во 83. минута. Следен противник ќе биде Унгарија, со која се среќаваме на 14 април. 

Фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »