Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со 2,33 промили алкохол во крвта битолчанец возел моторцикл, полицијата го приведе

На 10.03.2026 во 00:10 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Н. (50) од Битола.

При сообраќајна контрола е констатирано дека управувал мотоцикл „баотијан” со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта.  

По документирање на настанот против него ќе следува пријава за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик.  

More from ВестиMore posts in Вести »