Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола со +30 му врати на Куманово за поразот од Купот во најдоброто издание сезонава (фотогалерија)

Пелистер – Куманово 92:62

Кошаркарите на Пелистер во Битола во голем стил го одиграа вечерашниот дуел со Куманово, декласирајќи го овој противник со огромни 30 поени разлика (92-62) во можеби најдоброто издание на „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона.„Пелистерци“ одиграа перфектно, дополнително мотивирани од куп-поразот од истиот ривал, па вечерва покажаа и квалитет и карактер што сигурно ќе ја зголеми самодовербата за клучниот дел од сезоната.Противникот подобро го отвори натпреварот поведувајќи со 2-7, нешто подоцна и со 4-11, но „пелистерци“ не дозволија доминацијата на гостинот предолго да трае, па експресно се вратија во натпреварот.Џенкинс, Стајиќ и Митревски реализираа три напади во серија, се врати самодовербата меѓу „зелено-белите“ кои целосно се вратија во мечот, а на истекот на деветтата минута стигнаа и до првото водство, преку Малешевиќ за 23-22.

Првата четвртина заврши со 23-24, но Пелистер на самиот почеток од вториот период ја презеде контролата над резултатот. „Зелено-белите“ во неколку ситуации имаа четири поени предност, кумановци се враќаа, но „пелистерци“ подобро го завршија полувремето и со забивањето на Вилсон по генијалната асистенција на Стајиќ заминаа на одмор со предност од 44-39.Првите две минути од втората четвртина не донесоа ниту поен на двете страни, пред Брејси Дејвис со тројка да донесе најубедливи 47-39 за Пелистер. Нападот повторно доби на сигурност, погодуваа сите играчи кои беа на теренот, па во 27. Минута преку Брејси Дејвис се стигна до првото двоцифрено водство (59-48).Доминацијата на битолчани продолжи, па по двете успешни положувања на Малешевиќ за 63-49 гостинскиот тренер Докузовски беше принуден да побара тајмаут, но Дејвис стави точка на оваа одлична четвртина за Пелистер (21-10) по која во последните десет минути се влезе со водство од убедливи 65-49.Тоа беше најава за фуриозен старт на четвртиот период, па позитивата набрзо скокна и на „плус 20“, со поените на Малешевиќ за 71-51 во 33. Минута.Не само што не застанаа, туку кошаркарите на Пелистер продолжија да доминираат на теренот, за на крајот да слават со огромни 30 поени разликата, со тројката што ја постигна Вилсон на дваесетина секунди до крајот.Брејси Дејвис со 24 поени беше прв стрелец на Пелистер, Вилсон заврши со 19 поени и 9 скокови, додека Малешевиќ имаше 18 поени, 9 скокови и 2 асистенции.

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »