Press "Enter" to skip to content

“Убавината како став“ настан што го слави женското претриемништво во Битола (фотогалерија)

Денес во Офицерскиот дом во Битола се одржа настанот „Убавината како став“, посветен на промоција и поддршка на женските бизниси од индустријата за убавина. Настанот обедини успешни жени претприемачи, креативци и професионалци од областа на убавината, кои преку презентации, изложбени штандови и директна комуникација со посетителите ги претставија своите производи, услуги и инспиративни приказни. „Убавината како став“ има за цел да ја истакне убавината како израз на самодоверба, креативност и претприемачки дух, но и да создаде простор за вмрежување, соработка и поддршка меѓу жените во бизнисот. Овој настан претставува можност за: промоција на женското претприемништво, поддршка на локалната економија, создавање нови партнерства и инспирација и мотивација за идни претприемачки приказни; На настанот своите производи/ услуги ги промовираа: фризерско студио “КИКИ“, козметички салон “Боди М“, фризерско студио “Wella“, Boost Up академија- Обуки за побарувани занимања, “Бјути Блок“, салон за убавина “Атоник Лајф“, аалон за убавина “Beauty Place“, салон за убавина “Манус“, салон за арапска депилација “Софија“, салон за депилација “Divine“, салон за масажа “Нуга Бест“, салон за слабеење “Body Shape“, “Орифлејм“, Весна Ризовска, “Во светот на Гоц“, “Maya Бренд“, “Златен пресек“, ЗУР- Македонски ракотворби, Светлана Петковска, Организација на жени Битола, Ласерска магија. Настанот го поддржаа “Бимилк“, болница “Плодност“, вода “Пелагонка“, “Qworkingo:  и “Arjona Grazing Boxes“. Посетителите имаа можност да се запознаат со локални брендови, иновативни производи и нови трендови во индустријата за убавина, како и да ги слушнат искуствата на жени кои успешно ги развиваат своите бизниси во Битола и регионот. На настанот кој го организираше Советот за женско претприемништво на Општина Битола, се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Настанот претставува уште една иницијатива која ја поттикнува видливоста и економската улога на жените претприемачи, испраќајќи порака дека убавината не е само изглед – туку став, самодоверба и храброст да се создава сопствена приказна.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »