Битола беше подготвена за вечното македонско ракометно дерби Еурофарм Пелистер – Вардар кое се одигра во рамките на 2. коло од плеј-офот на Супер ракометната лига на Македонија.
На еден час ред почетокот на натпреварот беше полна спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а да се најде паркинг околу салата беше неможно.
Се започна, како и на секој натпревар, со песната “Ако одам во Битола“, и секако “Како вчера да беше брат“, а потоа и започна навивачкото шоу.
Зелено-бели трибини, многу знамиња, песни, шалови, транспаренти… Аплауз за постигнати голови, но и жал за промашувања.
За жал, наместо победа и да направиме чекот кон титулата, Пелистер е поразен од Вардар, и направени се два чекори назад. Сега се е во рацете на “вардарци“, а ние за титула имаме само теоретски шанси. Но, топката се тркала…
На крај публиката им ја честита победата на ривалот, а на “пелистерци“ им порача:
Ние сме со тебе и кога губиме, и кога водиме, ЌЕ ТЕ БОДРИМЕ!
Фото: Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”2776″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”44″ order_by=”filename”]











