На 16.03.2026 во 15:00 часот во СВР Битола, М.В. (40) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.
Исто така, на 16.03.2026 во 21:15 часот во СВР Битола, Ј.Ј. (56) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






