ЈКП „Водовод“ Битола соопшти дека успешно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија на улицата „Даме Груев“ (крак 1, 2 и 3) во населбата “Мал Париз“ во Битола.
Во рамки на зафатот, старата мрежа е заменета со нова полиетиленска линија во должина од 634 метри, а изведени се и 68 нови приклучоци за домаќинствата.
Со оваа нова водоводна линија жителите во овој реон ќе имаат поголема сигурност во водоснабдувањето и зголемена ефикасност на системот, а ќе се намалат загубите на вода и елиминирање на честите дефекти.
-Инвестициите во градската инфраструктура продолжуваат според предвидената динамика и во наредниот период, велат од “Водовод“.






