Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: жител на Жабени возел без возачка, заработи пријава

На 17.03.2026 во 14:00 часот во село Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода М.Х (32) од село Жабени, битолско.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф”со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Х., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

More from ВестиMore posts in Вести »