Денес, понеделник, во Битола, во старата битолска чаршија, битолското муфтиство од Исламската верска заедница од Битола и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.
Тие пред присториите на Муфтиството во чест на празникот Рамазан Бајрам со парче баклава ги почастија своите комшии, дуќанџиите од Старата чаршија во Битола, битолчани и сите намерници кои денес се најдоа во Чаршијата.
По повод празникот Рамазан Бајрам, муфтијата Амит Расими, со своите соработници на им беа домаќини на сите битолчани на кои им посакаа добредојде, а битолчани им го честитаа празникот.
Како и секоа години гостин беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а додека бевме на настанот кај муфтијата беше и началникот на СВР Битола, Сашо Мирчевски, а на приемот беа и политичари, советници, директори… кои изразија благодарност за поканата и уште едаш го чeститаа празникот.
Во срдечен разговор помеѓу градоначникот и муфтијата се зборуваше за одбележувањето на празникот, како и за состојбите во градот, проектите кои се реализираат.
Фото: Дамијана Ристевска






