На 23.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола, 24-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 22.03.2026 во 23:55 часот на ул. „Климент Охридски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода 19 годишник од село Буково, битолско и 35 годишник од Битола затоа што при извршен преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.






