Денес, среда, 25 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 16 степени.
Утре, четврток, 26 март, во Битола времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има зголемена облачност. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер. Температурата во Битола до 17 степени.






