Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: конкурс за идејно урбанистичко решение за спортско рекреативна зона АРМ

Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно  урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој.

Конкурсот ги  има следните специфичи цели:

-Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение  кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која  ќе  придонесе за идентитетскиот развој  на градот во просторна и програмска смисла,

-Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини,

-“Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,

-Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетација и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосферските води),

-Економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.

Право на учество на овој конкурс има секое заинтересирано правно или физичко лице (поединци или тим и со соработици) кои ги поседуваат стручните класификации согласно  условите на конкурсот.

Краен рок за доставување на конкурсниот труд е 15.05.2026 год. до 12.00

More from ВестиMore posts in Вести »