Во Спортскиот центар Вождовац во белградското „Шумице“ се одржа 13. меѓународен Меморијал за реално аикидо – „Мајстор Љуба Врачаревиќ 2026“ во чест на создавачот на оваа автентична вештина за самоодбрана, со учество на бројни клубови од Србија и регионот и специјални гости од разни боречки спортови и вештини.
Меморијалот беше во организизација на Српскиот сојуз за реално аикидо на чело со мајсторката Ана Врачаревиќ – 9-ти ден, ќерка на покојниот Љуба Врачаревиќ.
Голема поддршка на Меморијалот даде мајсторот Ѓуро Илиќ, мајстор за реално аикидо – 8-ми ден, претседател на Македонската федерација за реално аикидо, со неговите претставници Дејан Чавкоски, Оливер Серафимов и Илче Митрески.
Меморијалот се одржа со цел да се демонстрира боречкиот, техничкиот и тактичкиот дел од програмата, да се зачува споменот и да се оддаде почит и благодарност на големиот мајстор на ралното аикидо, Љуба Врачаревиќ – 10-ти ден. Покојниот Љуба Врачаревиќ го посвети својот живот на промовирање и етаблирање на вештината на реалното аикидо на глобално ниво, лично создавајќи ја, која сега ја практикуваат голем број практичари во многу земји во светот.
На Меоријалот беше демонстриран атрактивен приказ на боречки комбинации од страна на припадници на 72-та бригада за специјални операции на српската армија, а сите учесници имаа можност да демонстрираат атрактивни прикази кои беа проследени со силен аплауз од публиката.

Ѓуро Илиќ од Битола на 13. Меморијал за реално аикидо – „Мајстор Љуба Врачаревиќ 2026“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита на стадионот во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер во Битола му даде 45 гола на Ловќен во Регионалната лига (фотогалерија)
- Одржана трета форумска сесија во Општина Новаци
- In memoriam: Никола Богоевски – една од легендите на ФК Пелистер
- Се роди 500-тото бебе годинава во болница “Плодност“, јубилејното





