СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј. (37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 27.03.2026 во казино во Битола, пријавениот со закана од вработената одзел пари од дневниот промет.
На 29.03.2026 во 11:30 часот во с. Лопатица, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода Д.С. (66) од село Лопатица затоа што пред колонијална продавница во секлото го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






