ЈКП “Водовод“ од Битола овој месец го одбележува празникот посветен на водите, по тој повод, денес беше реализирана едукативна презентација за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.
-Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување – од зафатот на сирова вода до дистрибуција, начинот на обработка и прочистување на водата. Исто така, тие имаа можност да видат како се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни анализи, рекоа од ЈКП “Водовод“.
Со оваа активност ЈКП “Водовод“ придонесува за поголема свесност за заштита и рационално користење на водните ресурси, бидејќи водата е непроценливо богатство кое треба одговорно да го чуваме и користиме секојдневно.






