Денес во земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ во Битола се одржува регионален натпревар за хортикултурни вештини: создаване идни зелени претприемачи организиран од Здруженисто на средни училишта “Тера Фитон Анимал“, а е во рамките на проектот „Зајакнувате на младите: Градење вештини креирање иднина.
Регионалниот натпревар за отворен го прогласи директорот на земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ Битола, Златко Крстевски.
-Овој напревар е повеќе од обична натпреварувачка активност – тоа е можност да j покажете вашата креативност, знаење и љубов кон природата. Хортикултурата не е само уметност на одгледување растениа, туку и пат кон одржлива иднина, кон претприемништво кое го почитува животот и ја чува нашата планета. Вашите идеи и труд денес се семето што ќе никне во иднината – иднината на зелени претприемачи кои ќе создаваат нови вредности за заедницата. На сите учесници им посакувам успех, инспирација и фер напреварување. Нека оваа манифестација биде поттик за нови соработки, нови пријателства и нови визии за еден поубав и позелен свет.
Комисијата за оценување на натпреварот е во состав Мери Мрмачовска – сопственик на цвеќарата “Грин Гарден“ од Битола, Цветанка Мицалевска – наставник по стручни земоделски предмети од Ресен, Ана Ристевска од Советот на жени претприемачи на Општина Битола.
На натпреварот присутни се наставниците, менторите и учениците од СОУ „Цар Самоил” – Ресен, наставниците и учениците од основните училишта во Битола и Новаци, членовите на Советот на родители и останати гости.
Во дворот на земјоделското училиште е поставен штанд на “Хемометал“ од Битола каде се прикажани мали земјоделски машини и опрема.

Во Земјоделското училиште регионален натпревар за хортикултурни вештини создавање идни зелени претприемачи (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Пролетна цветна магија во центарот на Битола во пресрет на Велигден (фотогалерија)
- МВР: Започна целосна примена на новиот систем за влез во ЕУ, печатите во пасошите заминуваат во историја
- Наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“ ќе се додели на Христијан Ристески
- Фото вест: гувернерот на Rotary Slovenia and North Дистрикт 1912, Матјаж Новак во посета на ротарки клубот “Битола“





