Press "Enter" to skip to content

Денес 8. седница на Советот на Општина Битола

За денес е закажана 8. по ред седница на Советот на Општината Битола на која ќе се расправа и ќе се донесат одлуки за измена на средствата на Буџетот на Општина Битола, за развојните планови, за разрешувања на членови на Управни и Надзорни управи, за училишни одбори, за проценка на штети од мразот, 

Дневниот ред по кој се расправа на денешната седница е:

1. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2026 година.

2. Програма за измени и дополнување на Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2026 до 2028 година.

3. Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2026 година.

4. Програма за измени и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2026 година.

5. Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање и изработка на Урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2026 година.

6. Програма за поставување на Урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола 2025 – 2026.

7. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање на комисија за селекција на кандидати кои пројавиле интерес за членови во управните одбори и надзорните одбори за материјално-финансиско работење во јавните претпријатија основани од Општина Битола.

8. Одлука за давање на времено користење од 5 (пет) години без надоместок на простории-канцеларии, сопственост на Општина Битола во објект на УЗ „Таки Даскало“ на Здружение за развој на Ромската заедница „Сумнал“ Скопје, канцеларија Битола.

9. Одлука за поставување Урбана опрема – тезги и трицикла на подрачјето на Општина Битола.

10. Одлука за утврдување на почетна цена за давање во закуп на микролокации предвидени за поставување на тезги и трицикла.

11. Одлука за склучување на вонсудска спогодба за решавање на индивидуални работни спорови.

12. Заклучок за усвојување на Извештајот на општинската Комисија за проценување на штети од елементарни непогоди во општина Битола настанати од невремето – мраз во деновите од 05.04.2025 година до 09.04.2025 година.

13. Решение за давање согласност на Одлуката за зголемување вредноста на бруто плата за пресметка на плати во ЈП СИЗ Жабени Битола.

14. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Измена на Годишната програма за превоз на ученици и финансиска анализа на општински и меѓуопштински линиски превоз на територијата на Општина Битола, Општина Новаци и Општина Могила – 2026 година на МЈП Пелалинк Битола. 

15. Решение за давање согласност на Одлуката за времено издавање на делови од недвижниот имот на установата заради организација на еднодневни настани од едукативна, културна и деловна природа – Зоолошка Градина – Битола.

16. Решение за давање согласност на Одлуката за времено бесплатно издавање на делови од недвижниот имот на установата заради користење како рекламен простор за помагатели на установата – Зоолошка Градина – Битола.

17. Решение за давање согласност на Одлуката за времено издавање на делови од недвижниот имот на установата заради користење како рекламен простор – Зоолошка Градина – Битола.

18. Решение за давање согласност на Одлуката на Годишен план за вработување на установата – Зоолошка Градина – Битола.

19. Решение за давање согласност на Одлуката за дополнување на Ценовникот за услужни работи и паушали на ЈКП „Водовод“Битола.

20. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на предлог Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година за ученичка размена со училиште од Италија (Сицилија).

21. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на предлог Анекс кон Годишната програма за работа за учебната 2025/2026 година за ученичка размена со училиште од Шпанија (Ронда).

22. Решение за давање согласност на Одлуката за расходување на електронски отпад во ООУ „Св.Климент Охридски“Битола.

23. Решение за именување на членови во Советот за женско претприемништво на Општина Битола.

24. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор од редот на вработените во ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“Битола.

25. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на ЈУМ Центар за социјална работа.

26. Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на ОСМУ „Д-р Јован Калузи“Битола.

27. Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на СОУ „Таки Даскало“Битола.

28. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти во идна урбанистичко планска документација (КП бр.5604 КО Битола).

29. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти во идна урбанистичко планска документација (КП бр.11190/3 КО Битола 5).

30. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Буково во идна урбанистичко планска документација (КП бр.852 КО Буково).

31. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Црнобуки во идна урбанистичко планска документација (КП бр.2030/1 КО Црнобуки).

32. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Црнобуки во идна урбанистичко планска документација (КП бр.2530/2 КО Црнобуки).

33. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Драгожани во идна урбанистичко планска документација (КП бр.832 КО Драгожани).

34. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Цапари во идна урбанистичко планска документација (КП бр.3236/2 КО Цапари).

35. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Дихово во идна урбанистичко планска документација (КП бр.865/2 КО Дихово).

36. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Кременица во идна урбанистичко планска документација (КП бр.946/2 КО Кременица).

More from ВестиMore posts in Вести »