Факултетот за информатички и комуникациски технологии Битола денес беше домаќин на четвртиот „Саем на кариера“ -Career Expo 2026, со што уште еднаш ФИКТ воспостави мост на поврзување меѓу академијата, стопанството и пазарот на труд.
Настанот беше организиран со цел да се создаде платформа за директна комуникација помеѓу студентите и претставниците од ИТ индустријата, како и за промовирање на професијата ИТ инженер – една од најбараните и меѓу најатрактивните на денешниот пазар на труд. Соработката на ФИКТ со приватниот, јавниот и невладиниот сектор е составена од специфични активности коишто имаат образовна, практична и развојна димензија и се насочени кон промовирање на одржливо меѓусебно партнерство.
На Саемот за кариера се обрати и ректорот на УКЛО, проф д-р Игор Неделковски кој се осврна кон поврзување на студентите од ФИКТ со компаниите од реалниот сектор и промовирање на професијата ИТ инженер, како една од најатрактивните професии денес на пазарот на труд.
-Денес кога имаме голем број на компании кои се тука на Саемот на кариера кој го организира ФИКТ покажува дека не само кај има интерес за студентите, туку покажува и дека е голем интересот кај младите за студирање на овој наш факултет. Интересот на компаниите за вработување на наши студенти е уште еден доказ за квалитетот на студиите и дека имаме одличен развој на овие студии. Во Битола имаме огромен број на ИТ комшании, а тука ги имаме повече од 20, а во Битола доаѓаат голем број на вработени од другите градови, а тоа значи дека тие кои студирале кас нас од други градови останала во Битола и тука работаат. Поголемо задоволство за еден ректор и посебно за еден професор нема кога знаете дека вашите студенти се барани од индустријата, од приватниот бизнис да се вработат, што ќе рече дека имаат солидни познавања и дека вие како факултет, како професор, индивидуа сте ја исполниле вашата етичка обврска што ви ја дало општеството.
Деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски по повод настанот изјави дека многу е поголем бројот и на компаниите и на студентите и особено на матурантите како посетители на Саемот.
-Посебно ни е драго што по четврти пат ги отвораме вратите на нашиот факултет за еден ваков значаен настан – Career EXPO ФИКТ 2026, на кој денес учествуваат повеќе од 20 ИТ компании, заедно со нашите студенти, средношколците и, секако, нашите алумни. Овој настан не е само саем. Ова е простор на можности. Место на средба меѓу знаењето, амбицијата и искуството. Место каде што академската заедница и реалниот сектор се поврзуваат на најприроден и најпотребен начин. За студентите, ова е можност одблиску да ги запознаат компаниите, да ги согледаат можностите за пракса, професионален развој и вработување, но и да добијат појасна слика за патот што ги очекува по дипломирањето. За компаниите, ова е можност да воспостават директен контакт со млади, талентирани, мотивирани и перспективни кадри кои се нивни потенцијални идни вработени и носители на иновации. За нас, како факултет, ова е потврда дека сме на вистинскиот пат, пат на отвореност, поврзување и соработка.
-ФИКТ во изминатиот период вложи значителни напори во модернизацијата на условите за студирање и работа, формира и опреми пет современи лаборатории, создавајќи средина во која студентите не само што учат, туку и истражуваат, експериментираат, создаваат и соработуваат. Тоа е средина во која се развиваат знаење, креативност и самодоверба, рече деканот.
Покрај учество на студенти кои студираат на ФИКТ Саемот го посетија и ученици од средните училишта од регионот, што беше поздравено и од претседателот на ФСС, Валентин Стојановски, кој рече:
-Гледајќи наоколу, ја гледам следната генерација иноватори, инженери и лидери подготвени да остават свој белег, а на студентите би им порачал: денес не е ден само да го оставиме нашето cv или собираме тефтери и стила – иако сите ги сакаме подароците. Станува збор за приказни. Секој претставник на овие штандови има приказна за тоа како започнал, а секој од вас има приказна за тоа каде сакате да одите. Ова е вашата шанса да видите и да разберете како вашите вештини се применуваат во реалниот свет. До нашите компании кои дојдоја во посета: Ви благодариме што одвоивте време и да дојдете на ФИКТ. Денес не гледате само биографии, гледате во суровиот талент и свежите перспективи што ќе ги водат вашите идни проекти. Нашите студенти се познати по својата отпорност и способност да решаваат сложени проблеми и уверен сум дека ќе го пронајдете токму талентот што го барате.
Модератор и домаќин на настанот беше д-р Илче Димовски – секретар на Факултетот за информатички и комуникациски технологии Битола, кој искажа голема благодарност кон компаниите, студентите, средношколците, менаџментот на УКЛО, директорот на АЕК – агенцијата за електронски комунакации – Јетон Акику, кој беше на настанот со неговиот тим.
Денес на просториите на ФИКТ беше промовирана новата канцеларија, како што му доликува на едно студентско собрание, а од денес сите настани и планови ќе произлегуваат токму од таму, а раководството на студентите од ФИКК вети дека неуморно ќе работат за подобар студентски стандарт.
Свое обраќање имаше и директорката на КРЕДО Центарот при УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, како и Гордана Клинчарова – државен секретар во Министерство за дигитална трансформација.
Настанот го привлече вниманието и на средношколците од регионот, кои имаа можност одблиску да се запознаат со студиските програми на ФИКТ, како и со широките кариерни перспективи.
Денес пред средношколците и стуентите се претставија компаниите РЕК “Битола“, “Кромберт и Шуберт“, “КС Групацијата“, Р2Р“, “Минт“, Агенција за поттикнубање на развојот на земјоделието“, УКЛО Битола, “Рино“, “Синпекс“, “Алта банка“…
Во рамки на настанот се одржа и панел-дискусија на тема „Интеракција човек – вештачка интелигенција“, на која беа разгледани актуелните предизвици и можности што ги носи развојот на вештачката интелигенција во современото општество. Паралелно, беше организирана и средба на алумни на ФИКТ, што придонесе за дополнително зајакнување на професионалната мрежа.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска






