Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на Кориснички Енерго Центaр во Битола во Група 2, бараме:
ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ во Битола (М/Ж)
Работни задачи:
- Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
- Отчитување на податоци од броила
- Контрола на приклучоци и мерни места
- Замена на броила на корисници
- Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
- Помош при отстранување дефекти
- Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила
Потребни компетенции:
- IV степен електротехничко образование – Енергетика
- Возачка дозвола,
- Одговорност
- Тимска работа
- Комуникативност
- Флексибилност
- За предност ќе се сметаат квалификации за работа под напон, стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки и компјутерски познавања
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, аплицирајте преку приложениот линк со CV и мотивациско писмо до 07.04.2026.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx .
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.






