Пелистер Волеј – Работнички Скопје 1:3
Екипата на Пелистер Волеј од Битола е поразена од Работнички во првиот 1/4 финален дуел од плеј-оф серијата, во натпревар во кој домашните одбојкарки играа добро, посебно во четртиот сет кога имаа прилика да се изброрат за петти, одлучувачки сет. Но една судиска одлука, во корист на гостите, им ги скрати доживувањето на публиката да гледаат петти сет.
Во првиот сет до 16 поен се играше поен за поен, по што следеше една серија од 5 поени на противникот кој денес одигра на едно високо ниво во првите два сета особено со нивниот одличен сервис. Пелистер возврати со маестрална игра во третиот сет и брзо намали на 1:2.
Драма имаше до самиот финиш на четвртиот сет во кој Работнички беше посконцентриран, беше изедначено таму некаде до 20:21 но победата им припадна на екипата од Скопје.
-Фантастична атмосфера, полна сала со громогласно навивање и натпревар по кој никако не можиме да сме незадоволни и јасно даваме до знаење дека со сите сили одиме на вториот дуел во среда да се надминиме самите себе, рекоа од Пелистер Волеј.
Фото: Дамијана Ристевска










