Press "Enter" to skip to content

Првиот дел од сезоната Пелистер од Битола го завршува во Гевгелија

Првиот дел од кошаркарската сезона во мак-баскетот, Супер-лигата, завршува официјално викендов со последното коло во кое со одлука на федерациите, сите натпревари ќе бидат одиграни во ист термин, недела со почеток во 18 часот.

Пелистер за ривал во оваа последна рунда го има Кожув, дуел што ќе се одиграа во Гевгелија, шанса за „зелено-белите“ да му се реваншираат на овој противник за неочекуваниот пораз во Битола во првиот круг од првенството.

Пелистер без оглед на исходот на овој меч ќе влезе во доигрувањето како третопласиран тим на табелата, но тоа не значи дека „пелистерци“ без мотив ќе влезат во овој дуел.
Целта е максимално подготвен да се влезе во доигрувањето, а потоа и плејофот, а тоа може да се стори само со максимален ефект и константен раст во формата, од неделниот дуел, па се до крајот на сезоната.

Свесни за тоа се и кошаркарите во зелено-бело, кои се решени да сторат се за во ова последно коло од Супер-лигата да се вратат на победнички патеки, по последните порази во пресметките со ТФТ и со Тиквеш.

More from ВестиMore posts in Вести »