Press "Enter" to skip to content

Започна реконструкција на водоводната мрежа на ул. “Караорман“ во Битола

ЈКП “Водовод“ – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. “Караорман“. Во рамките на овој проект е предвидена реконструкција на водоводната мрежа, која опфаќа замена на постоечките цевки со полиетиленски во должина од 165 метри, како и изведба на 26 нови приклучоци.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.449.418,00 денари.

-Со реконструкцијата ќе се обезбеди поквалитетно и постабилно водоснабдување за корисниците и ќе се подобри целокупната водоводна инфраструктура. Продолжуваме посветено да инвестираме во модернизација и унапредување на водоводната мрежа, во интерес на сите граѓани, соопштија од “Водовод“.
More from ВестиMore posts in Вести »